
Познато кога ќе бидат резултатите од испитувањата: Оксфордската вакцина против коронавирусот во финална фаза
Вакцината против коронавирусот која ја развива Универзитетот Оксфорд минува низ финалните фази на тестирање и резултатите би можеле да бидат прикажани во јавноста пред Божиќ, на 25-ти декември.
Оксфорд развива вакцина во соработка со компанијата “Астра Зенека”, а резултатите од финалните тестови ќе одредат кога вакцината ќе биде во употреба за населението.
“Оптимист сум по прашањето за брзината на прикажување на резултатите и верувам дека ќе ги имаме до крајот на годината”, рекол Ендру Полард, шеф на оксфордскиот им кој ја прави вакцината.
Запрашан дали вакцината можеби и ќе биде готова до Божиќ, Полард рекол дека “шансите за тоа се навистина мали”.