Пред 14 години беше прогласена за најубаво девојче на светот, а денес ужива на луксузна јахта и троши милиони

 Пред 14 години беше прогласена за најубаво девојче на светот, а денес ужива на луксузна јахта и троши милиони

Тилен Блондо се прославила уште кога била девојче, влегувајќи во светот на моделингот, а нејзината слава кулминирала во 2007 година кога медиумите ја прогласиле за најубаво девојче на светот.

Но, времето поминува и Тилен повеќе не е девојче, во април го прославила својот 20-ти роденден, а веќе сега живее луксузно и различно од „просечните“ девојки.

Неодамна таа била фотографирана на скапоцена јахта во ексклузивното летувалиште Сан Тропе, а друштво ѝ правело нејзиното момче, младиот француски актер Бен Атал.

Оваа Французинка блескала во опуштено издание, тексас шорцови и горен дел од бикинито. Немала ниту грам шминка на себе, па ја покажала својата природна убавина во полн сјај.

Тилен пораснала во прекрасна и згодна девојка, а редовно на социјалната мрежа Инстаграм споделува свои фотографии на кои блеска.

Да ве потсетиме, таа првата насловна страница ја красела на само шест години, а откако планетарно се прославила започнала и своја сопствена модна линија, па денес ужива во плодовите од своите успеси.

Сепак, убавата Французинка и натаму работи во полна пареа, а во текот на паузите од снимањата времето го користи за да посети некои луксузни и егзотични дестинации.

Инаку, за нејзината романса со споменатиот Бен не знае многу освен дека парот почнал да се забавува минатата година и дека се речиси неразделни.

x