• 04/06/2020
 Пред отварање на објектите задолжителна дезинфекција од страна на овластена установа

Пред отварање на објектите задолжителна дезинфекција од страна на овластена установа

Со намалувањето на интензитетот на ширењето на заразата од коронавирусот и најавите на Министерството за здравство и Владата на РСМ за олабавување на мерките и постепено започнување со работа на угостителски објекти, козметички салони, теретани, фитнес центри, трговски центри, производствен погон и објекти со друга дејност и намена, а согласно мерките пропишани од Комисијата за заразни болести кои се однесуваат на работа во услови на и по завршување на епидемија/пандемија, Центар за јавно здравје Охрид ги потсетува сите угостители, стопанственици, дека пред започнување со работа на објектот задолжително е потребно да биде извршена целосна дезинфекција на просторот од страна на овластена јавна здравствена установа и со соодветно дезинфекционо средство чија употреба е одобрена од страна на Министерството за здравство.

Центар за јавно здравје Охрид како јавна здравствена установа поседува соодветен стручен кадар, опрема и средства и е овластена од страна на Министерството за здравство за вршење на дезинфекција, дезинсекција и дератизација (ДДД).

Со цел да излеземе во пресрет на барањата и потребите на нашите клиенти во овој период, тимовите за вршење на ДДД мерки при Епидемиолошкото одделение во Центар за јавно здравје Охрид ќе бидат на располагање за обавување на услугата, секој работен ден од 8 до 20 часот, информираат од центарот.
За закажување на термин за услугата обратете се на телефоните 046 231030, 078 488262 или на е-маил: zzz.ohrid@gmail.com

За извршената услуга се добива соодветен евидентен лист-потврда која може да послужи пред инспекциските органи.

Извор:Ohridnews

Digiqole ad

Можеби ке те интересира