• 18/09/2020

Пред советниците-динамичкиот план за отстранување на бесправно изградени објекти на плажите

 Пред советниците-динамичкиот план за отстранување на бесправно изградени објекти на плажите
loading...
Advertisement

Предлог – одлуката за усвојување на динамички план за отстранување на бесправно изградени објекти – плажи, е првата точка на дневен ред на седницата на советот закажана на 31-ви јануари, петок, со почеток во 14 часот.

Освен за оваа точка, советниците ќе расправаат и за мерките за субвенционирање на трошоци за комунални услуги, преместување на спомен-обележјето на Григор Прличев, развојната Програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2020-2022.

На дневен ред на седницата се и предлог годишна програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2020 година, како и предлог- одлуката за определување зони за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот (објекти) на подрачјето на општина Охрид. Ќе се расправа и за предлог- одлуката за определување на просечна цена за утврдување на пазарна вредност на градежното (неизградено и изградено) земјиште за календарската 2020 година утврдена врз основа на извршените купопродажби во претходната година на подрачјето на општина Охрид.

Извор: OhridNews