Предлог за ручек: Ќофте во сос од домати и кајмак

 Предлог за ручек: Ќофте во сос од домати и кајмак

Ручек за сите љубители на месо и кајмак.

Потребни состојки:

120 г ориз

450 г мелено месо

90 г лук

3 г лук во прав

1 јајце

10 г сол

5 г буковец

Сос

50 г пасирани домати

100 г кајмак

5 г сол

20 мл масло

130 г вода

Начин на подготовка:

Во сад промешајте месо, ориз, лук, јајце, буковец, сол и бибер. Обликувајте ги ќофтињата по желба, препорака е да бидат помали за да се испечат поубаво. Оставете ги малку да отстојат, а за тоа време направете сос.

Промешајте ги пасираните домати, кајмак, масло, сол, буковец и вода. Ставете ги ќофтињата во сад за печење и прелијте со сос.

Печете 1 час и 20 минути на 180 степени. Сервирајте со кајмак и листови свеж босилек.

>
>