Премиерот и владините министри во посета на стопански субјекти и установи во регионот, попладне седница во Охрид

Премиерот и владините министри во посета на стопански субјекти и установи во регионот, попладне седница во Охрид

Владата денеска во Охрид ќе одржи редовна седница, петта од серијата седници што се одржуваат во 10 региони во земјата.

Централна точка на дневниот ред на оваа седница е информацијата за состојбите и извршените посети во општинитe Охрид, Струга, Ресен, Вевчани и Дебрца.

Во рамките на оваа точка градоначалниците на овие општини ќе презентираат информации од интерес на граѓаните и ќе информираат за одредени прашања и проекти од плановите за работа на локалните заедници, и согласно тоа, на седницата ќе се дадат насоки за политики и одлуки за проекти кои можат да се реализираат во соработка меѓу локалната и централната власт.

На седницата во Охрид ќе биде разгледаната и информацијата за присуството на Реактивната Мониторинг Мисија на УНЕСКО, како и информацијата за извршен инспекциски надзор на градби од прва категорија на подрачјето на општините Охрид и Струга и информацијата за превземените активности на овластените градежни инспектори за овие подрачја

На оваа седница, амбасадорката на Република Хрватска Нивес Тигањ пред министрите на Владата ќе ја презентира Програмата и приоритетите на Хрватското претседателство со Советот на Европската Унија.

Во рамките на теренските активности што ќе ѝ претходат на седницата, претседателот на Владата Оливер Спасовски ќе направи увид со реконструкцијата и санацијата на колекторскиот систем и ќе посети неколку фабрики во Охрид. Средби и други теренски активности во текот на денот во регионот ќе имаат и заменичката претседателка во владата задолжена за економските ресори Мила Царовска, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, министрите без ресор задолжени за странски инвестиции Зорица Апостолска и Елвир Хасан, како и министерот без ресор задолжен за дијаспората Едмонд Адеми.

Извор:OhridNews

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds