Премиерот Заев денеска предводи владината делегација во еднодневна официјална посета на Чешката Република

Премиерот Заев денеска предводи владината делегација во еднодневна официјална посета на Чешката Република

Делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска ќе оствари еднодневна официјална посета на Чешката Република.
Премиерот Заев, во придружба на Бујар Османи, заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања и Зоран Попов, државен секретар при Министерството за надворешни работи, ќе оствари средба со Претседателот на Владата на Чешката Република, Андреј Бабиш.

Премиерите Заев и Бабиш ќе имаат и тет-а-тет средба по што ќе следува и заедничката прес-конференција за медиумите.

Делегацијата на Владата на Северна Македонија предводена од премиерот Зоран Заев, ќе има средба и со претседателот на Сенатот на Чешката Република Јарослав Кубера.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds