
Прес-конференција на Сурија Рашиди: „Регистрирано масовно прекршување на изборниот законик“
„Почитувани медиуми, почитувани граѓани, се наоѓаме кон крајот на изборната кампања во која се соочуваме со масовно прекршување на изборниот законик. За што се работи? Се соочуваме со масовни градежни активности, асфалтирање на улици во сите населени места во Струга.
Асфалтирање доста неквалитетно, со огромни финансиски малверзации, од друга страна без никаква документација. Исто така се соочуваме со едно масовно вработување од локалните и централните институции, вработувања без никаков критериум, без никаков документ, со фиктивни или усмени договори.
Затоа, екипата од правници на Алијансата за Албанците, има спремено пријава до: Основното јавно обвинителство, исто така и до државната изборна комисија и државната комисија за сречување корупција.
Ние очекуваме сите овие институции да делуваат и сме сигурни дека после 17-ти октомври сите овие прекршители на законот ќе оговараат.
Од друга страна апелираме до граѓаните, да не подлегнуваат на такви начини на купување на волјата на граѓаните и сите овие прекршители да ги казнат на 17-ти октомври. Значи, пријави се поднесени против: Градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко, Директорот на државната болница, директорот на неврологија, директорот на градинката „8-ми март“, директорот на јавното претпријатие водовод и канализација и директорот на јавното претпријатие комунално.“ изјави Сурија Рашиди
извор: „Dubai-Portal“