• 21/09/2020

Прес-конференција на Мирче Аџиоски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Струга

 Прес-конференција на Мирче Аџиоски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Струга
loading...
Advertisement

Во Собранието на Република Македонија, на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, поднесени се 30 амандмани за Струга, од кои, прифатен е само еден и тоа за изградба на кружен тек на раскрсницата кај Мислешевски пат.

Со тој амандман, одобрени се финансиски средства од Министерството за финансии во износ од 1.800.000 денари.

Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко се уште ги нема повлечено средствата, а проектот треба да отпочне со реализација до 30.11.2019година, но доколку не се отпочне со реализација, обезбедените средства ќе пропаднат.

Ваквото неодговорно однесување на коалицијата СДСМ-ДУИ е уште еден удар за Струга и стружани бидејќи на раскрсницата кај Мислешевски пат, секојдневно се соочуваме со сообраќајни несреќи, кои за жал, некогаш се со кобни последици!

Градоначалнику, и покрај одобрените финанскиски средства, Вие и Вашите коалициони партнери од СДСМ, со прст не мрднувате да го решите долгогодишниот проблем со кој се соочуваат стружани.

Колку вредат животите на стружани, за Вие да преземете нешто?
Од друга страна сведоци сме на кружниот тек кој се изгради на самиот влез во Струга, со кој се реши огромниот проблем во сообраќајот, и тој е со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, а на иницијатива на тогашниот градоначалник на град Струга, Зијадин Села.

Вие не го допревте дното, Вие го пробивте, а Вашиот неславен крај ќе дојде многу брзо и тоа на 12 Април!
Од живот за сите, донесовте беда и понижување за секој еден граѓанин на Република Македонија!

Затоа, почитувани сограѓани, следува Обнова на Македонија, со нови лица на политичката сцена. Лица, кои ќе бидат секогаш до народот, лица, кои ќе ја испишат светлата страна на историјата на обновена, силна и стабилна Република Македонија!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, ОК-Струга