„Пресечена“ уште една голема нелегална сеча на Јабланица

„Пресечена“ уште една голема нелегална сеча на Јабланица

Во голема акција на Шумската полиција, на место викано “Горно село” атар на с. Горно Луково, струшко, шумско  – стопанска единица “Јабланица”, затекната е бесправна сеча на 105 букови стебла.

Дел од нелегално пресечените стебла биле обработени во должина од 1 метар и наметрени, со цел да завршат на нелегалниот пазар на дрва.

Дрвната маса која е затекната на лице место е предадена на Ј.П. “Национални шуми- ПСС-Јабланица”-Струга.

Ова е трета голема акција на Шумската полиција во изминатите неколку недели на Јабланица, која со години ја пустошат дрвокрадци.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds