
Пресметка во Сараево: Маж избоден до смрт, а неговата сопруга е повредена, иако не учествувале во расправијата
Во Сараево ноќеска имало пресметка меѓу неколку лица, при што маж бил избоден до смрт, а неговата сопруга била повредена.
Според сараевскиот портал „Кликс“, убиениот човек и неговата сопруга, која е ранета, не учествувале во тепачката. Имено, според информациите што ги добиле од соседите, во населбата имало семејна кавга, по што едно лице побарало помош во дворот на убиениот.
Потоа во дворот пристигнале и други лица, кои се вклучиле во расправијата, по што дошло до тензии, а несреќниот човек добил смртоносна убодна рана од нож обидувајќи се да ги раздели луѓето кои меѓусебно се пресметувале. Неговата сопруга се здобила со убодна рана во грбот откако и таа притрчала за да му помогне на сопругот.