• 24/09/2020

Пресуши чудото на природата! Драматични снимки од Викториините водопади го растажија светот

 Пресуши чудото на природата! Драматични снимки од Викториините водопади го растажија светот
loading...
Advertisement

Исчезна поголем дел од Викториините водопади поради сушите што го погодија јужниот дел на Африка, најголеми во последниве 100 години!

Ова чудо на природата се наоѓа на реката Замбези, на границата помеѓу државите Замбија и Зимбабве. Сместени се на листата на УНЕСКО, како светско културно наследство, но светот сега го потресуваат снимките од регионот. Водостојот на реката Замбези е алармантно низок, а од водопадот постои само еден мал дел.

Експертите велат дека причина се климатските промени, а локалното население стравува дека би можеле да останат без туристите.

Снимките и фотографиите од остатоците од водопадите го обиколуваат светот во моменти додека во Мадрид се одржува светската конференција за климатски промени и се разгледуваат начини за запирање на катастрофалното загревање на Земјата предизвикано од емисијата на стакленички гасови, за што е виновен човекот.

Викториините водопади се широки повеќе од 1,5 километри, со пад од 128 метри. Откриени се од страна на шведскиот истражувач, Дејвид Ливингстон во 1855 година и ги нарекол според кралицата Викторија. Инаку, локалното име за овој водопад е „Чадот што грми“.