• 22/09/2020

Претседателот на Мексико ќе биде меѓу првите што ќе ја примат руската вакцина, но под еден услов

 Претседателот на Мексико ќе биде меѓу првите што ќе ја примат руската вакцина, но под еден услов
loading...
Advertisement

Мексиканскиот претседател Мануел Лопез Обрадор изјави дека ќе се пријави доброволно, меѓу првите, да ја прими руската вакцина против коронавирусот, доколку се докаже дека е ефикасна.

Одлуката на Москва да го одобри производството на вакцината по само два месеца тестирање врз луѓето ја разбранува светската јавност и предизвика загриженост во некои научни кругови, кои тврдат дека само 10 проценти од клиничките испитувања на руската вакцина се покажале успешни, пренесува „Ројтерс“.

Многумина тврдат дека Русија го стави глобалниот престиж во прв план, наместо безбедноста.

Мексико и Аргентина се меѓу финансиерите на компанијата „Астра Зенека плц“, која е вклучена во глобалната трка да се најде вакцина против новиот коронавирус.