• 21/09/2020

Претседателот Пендаровски ја посети Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика

 Претседателот Пендаровски ја посети Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика
loading...
Advertisement

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја посети Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институтот за јавно здравје.

За време на посетата претседателот Пендаровски беше запознаен со работата на лабораторијата, во која се вршат испитувања за присуство на вирусот КОВИД-19. 

Претседателот Пендаровски оддаде признание за макотрпната работа на докторите и медицинско-техничкиот персонал, кои по појавата на вирусот работат со засилено темпо и се изложени на висок ризик во својата работа и им честиташе за тимската и пожртвувана работа и за нивниот придонес во справувањето со последиците од ширењето на вирусот КОВИД – 19.

„Овде сум лично да ви ја искажам огромната благодарност во името на сите наши граѓани за се ова што го правите. Охрабрува вашата професионалност и одговорност, посветеноста и смиреноста со која секојдневно ги извршувате вашите обврски. Ви порачувам да се чувате, секој поединечно, и како тим и како семејство“, им порача претседателот Пендаровски на вработените.

Вработените во Лабораторијата, поделени во три тима, по систем на ротација на секои три часа, обработуваат од 50 до 70 примероци.

Претседателот Пендаровски ја истакна потребата да се овозможи непречена работа на лабораторијата, која има важна улога во детектирањето и спречувањето на ширењето на вирусот.

За време на посетата претседателот Пендаровски повика на доследно почитување на препораките од надлежните институции со цел справување со последиците од ширењето на вирусот КОВИД-19.