• 26/09/2020

Претседателот Пендаровски прими претставници на Институтот за филозофија и Филозофското друштво

 Претседателот Пендаровски  прими претставници на Институтот за филозофија и Филозофското друштво
loading...
Advertisement

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска ги прими Иван Џепароски, Љупчо Митковски и Љубомир Гајдов, претставници на Институтот за филозофија и Филозофското друштво.

Соговорниците го запознаа претседателот Пендаровски со нивните проблеми и предизвици, со иницијативите и актуелните проекти за нивното надминување, како и со визијата и стратегијата за реформа, афирмација и промоција на филозофското образование.

На средбата беше нагласено дека филозофијата ги учи младите да размислуваат методски и ги воведува во моралните и естетските вредности.

Претседателот Пендаровски ја нагласи потребата од натамошно негување на креативното изразување, како и неопходноста од поттикнувањето на критичката и филозофската мисла, како значајна придобивка и еден од основните предуслови за развивање на демократските капацитети на секое општество.