• 29/02/2020
 Претстојниот викенд предавања и бесплатни консултации за катаракта и ласерска диоптрија

Претстојниот викенд предавања и бесплатни консултации за катаракта и ласерска диоптрија

Во рамки на здравствено-превентивните активности Црвен крст Охрид во соработка со болницата Систина Офталмологија на 15 фефруари, сабота, организира здравствено едукативен настан кој се состои во предавање и бесплатни консултации.

На темата катаракта, што е и кои се можните решенија ќе се осврне д-р Викторија Филева – 11:00 – 12:00 ч. Голема сала во Здружение на пензионери Охрид, ул. Димнитар Влахов бр. 50 (спроти Гимназија). На тема Ласерска корекција на диоптрија ќче зборува д-р Викторија Филева – 12:30 – 13:30 ч. во Црвен крст Охрид,
Модератор на настанот е Огнен Јанески

Доколку имате проблем со катаракта, размислувате како да се ослободите од очните помагала и да гледате без ограничувања, и доколку сакате да дознаете повеќе за ласерска корекција на диоптрија и можните начини за отстранување на диоптријата, ве очекуваме на овој настан. Бројот на присутни лица е ограничен и затоа не се двоумете, пријавете се на тел. 070 315309, 046 261909, 070 351008 или дирекно во просториите на Црвен крст Охрид, најдоцна до петок, 14.02.2020, до 16 ч. – порачува Црвен крст Охрид.

Извор:OhridNews

Digiqole ad

Можеби ке те интересира