• 29/02/2020
 Презентација на „Анализа на економски импакт на туризмот“ во економијата на општина Охрид

Презентација на „Анализа на економски импакт на туризмот“ во економијата на општина Охрид

На ден 14.02.2020 година, петок во 12:00 часот во големата сала на општина Охрид ќе се одржи презентација за изработената „Анализа на економски импакт на туризмот“ во економијата на општина Охрид.

Предавачи на темата ќе бидат Проф. Д-р Цветко Андреески и Проф. Д-р Александар Трајков кои ќе зборуваат за значењето на економските влијанија на туризмот во општина Охрид, организацијата на туризмот во Охрид како туристичка дестинација (ДМО-дестинациска менаџмент организација), структурата на потрошувачката во општина Охрид и влијанието врз националниот БДП, анализа на влијанието врз развојот на руралните области во општина Охрид, анализа на објектите за сместување и сервисни дејности со храна во општина Охрид  и за карактеристиките на пазарот на труд (вработеноста) во туристичкиот сектор во општина Охрид.

Се покануваат сите заинтересирани туристички работници, приватни стопанственици, производитети и заинтересирани граѓани  да присуствуваат  на оваа презентација.

Извор:skopje1.mk

Digiqole ad

Можеби ке те интересира