Кризниот штаб на Лабуништа одржа координативен состанок со високи претставници на Владата на РСМ и Министерството за здравство

Кризниот штаб на Лабуништа одржа координативен состанок со високи претставници на Владата на РСМ и Министерството за здравство

Почитувани Лабуништани, би сакале да ве информираме дека вчера (06.04.2020) Кризниот Штаб на Лабуништа во чиј состав влегоа и лекарите од Лабуништа, одржа координативен состанок со високи претставници на Владата на РСМ и Министерството за здравство и тоа: – Др. Жарко Караџоски-епидемиолог и Претседател на Комисија за заразни болести- Бујар Османи – вицепремиер и главен кооординатор на штабовите на едниниците на Локалната Самоуправа- Др. Арменд Арслани – заменик министер за здраство- Др. Шабан Мемети – директор на Институт за Јавно Здравје на РС- Др. Мухамед Асани – директор на Општа Болница – Струга – Дашмир Насуфи – шеф на Општински Кризен ШтабЈа презентиравме досегашната работа, мерките и активностите за превенција од вирусот.

Ги презентиравме новите мерки за поголема заштита кои би можеле да се преземаат во наредниот период.Владата е запозната со нашето внимателно почитување на мерките и препораките, и дека во Лабуништа не е прекршен полицискиот час.

Лицата во самоизолација ги почитуваат доследно забраните за движење и се однесуваат одговорно.Новите мерки за полициски час се однесуваат на целата територија на РСМ и засега нема потреба од посебни рестриктивни мерки за Лабуништа, со други зборови нема карантин за Лабуништа.Од денес, во Општата Болница – Струга почнува со работа епидемиолог за полесно справување со вирусот.Уште еднаш, апелираме до вас, внимателно и доследно да ги почитуваме препораките, хигиената да ја држиме на високо ниво, без групирање, без излегување без никаква потреба.Искористето го времето позитивно во читање, пишување, цртање. И посебно ќе не радува ако ни испратите слики, цртежи, песни и др. околу ситуацијата со која се справуваме.Лабуништа е во нашите срца

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds