Преживеал пад на авион, 72 дена чекал спас: Вака денес живее човекот кој морал да стане канибал

 Преживеал пад на авион, 72 дена чекал спас: Вака денес живее човекот кој морал да стане канибал

Откако се урнал авионот во Андите, 16 луѓе успеале да ја избегнат смртта. Меѓутоа, за да останат живи, биле принудени да направат нешто ужасно.

Еден маж, кој ја преживеал авионската несреќа и станал канибал за остане жив, се потсетил на менталните потешкотии со кои се соочил обидувајќи се да ги јаде телата на своите сопатници.

Хозе Луис Коче Инциарте од Уругвај бил еден од 16-те луѓе кои успеале да ја избегнат смртта кога се урнал авион на Андите, меѓу Чиле и Аргентина на 13-ти октомври 1972-ра година.

Тие биле спасени 72 дена подоцна откако преживеале. Д-р Роберто Канеса, Нандо Парадо и Ентони Визинт, пешачеле 10 дена за пронајдат помош.

Меѓутоа, некои од преживеаните кои останале на местото на несреќата биле принудени да ги јадат лешовите на мртвите сопатници за да останат живи, пишува “Daily Mail”.

Меѓу нив бил и Коче, кој рекол дека морал да вложи напор и енергија во мозокот за да можел да јаде човечко месо, рекол во емисијата “The Morning Today”.

“Го живеам својот живот онака како што си го замислував тие денови, а кога имам проблеми, размислувам за Андите и изгледа дека тој проблем е малку поголем во однос на останатите, така што ми помага, но тоа не е дел од мојот живот”, рекол тој.

Коче бил еден од 45-те патници на летот 571 на уругвајското воено воздухопловство кога удриле во планинскиот масив во текот на летот од Сантијаго до Монтевидео.

При ударот веднаш загинале 12 мажи, уште петмина неколку часа подоцна, а еден маж починал по една седмица.

Како оваа трагедија да не била доволна, преживеаните на 17-тиот ден се соочиле со лавина, која убила уште осум патници.

Преживеаните имале малку храна и биле без греење во тешки услови на висина од 3.600 метри.

Соочени со изгладнување и веста дека потрагата по нив е стопирана, тие преживеала хранејќи се со мртвите патници кои биле заробени во снегот.

“Не постоеше друга опција ако сакате да останете живи. Имавме состанок и разговаравме дали да го направиме тоа или не. Ако не, значеше дека ќе умреме, па затоа сите одлучивме да јадеме”, рекол Коче.

Групата била спасена кога тројца мажи по 10 дена одење налетале на чилеанскиот сточар Серхио Каталана, кој им дал храна и ги алармирал властите.

Ужасната приказна на Коче била раскажана во филмот “Alive” од 1993-та година.

“Некои работи се измислени, некои се вистинити”, рекол тој.

>
>