Пријава за угостителски објект во струшко кој работел по 23:00 часот

 Пријава за угостителски објект во струшко кој работел по 23:00 часот

На 23-ти октомври 2020 година, СВР Охрид во соработка со Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), на целото подрачје што го покрива, реализира контроли по угостителските објекти, а во врска со одлуката на Владата за ограничување на работното време на угостителските објекти до 23:00 часот.

-Притоа, непочитување на оваа одлука е регистрирана во угостителски објект во струшкото село Франгово, сопственост на Л.Ј. од истото село. Тој, не го затворил објектот односно продолжил со работа поради што, од инспекторите на ДПИ, изготвен е записник и соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. извор: СВР Охрид