
Пријави за две лица кои украле мобилен телефон од малолетни стружани
– Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 19-годишниот С.Б. и 22-годишниот С.К., двајцата од Охрид.
– Пријавените, на 28-ми февруари 2021 година, околу 19:00 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Струга, пресретнале три малолетни лица и упатувајќи им закани, од еден од нив, насилно одзеле мобилен телефон, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид