Пријави за две лица од Струга поради нелегален јавен превоз на патници

 Пријави за две лица од Струга поради нелегален јавен превоз на патници

На 28-ми јануари 2021 година, при спроведени контроли во сообраќајот, Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид регистрира две лица кои вршат јавен такси превоз на патници без да поседуваат соодветна лиценца за таква дејност издадена од надлежен орган.

– На булевар „Туристичка“ во Охрид, затекнато е патничко возило марка „Сеат“, со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 53-годишниот А.П. од Струга, а на стариот регионален пат Охрид-Струга, при нелегален јавен такси превоз на патници, со патничко возило „Нисан“, со струшки регистарски ознаки, затекнат е 81-годишниот С.Т. од струшкото село Радолишта. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

>
>