Пријави за две лица од струшка Долна Белица кои се однесувале агресивно кон полициски службеник

 Пријави за две лица од струшка Долна Белица кои се однесувале агресивно кон полициски службеник

– На 18-ти април 2021 година во 14:55 часот на полувреме од фудбалски натпревар на стадион во струшкото село Долна Белица, 27-годишниот Ф.Р. и 39-годишниот Б.Р., двајцата од истото село, агресивно се однесувале кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

– Против нив, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. 

x