Пристигна Кинеската помош во Србија – Тим експерти ќе помагаат во справување со коронавирусот
На белградскиот аеродром Никола Тесла слета авион на српската национална компанија Ер Србија, со кој на Србија од Кина ѝ пристигна помош во медицинска опрема и тим кинески експерти кои последните три месеци се бореа против епидемијата на коронавирусот во својата земја.
„Пристигнувањето на кинеските медицински експерти е од огромно значење бидејќи тие први го победија коронавирусот и се здобија со вредно искуство“, рече српскиот претседател Александар Вучиќ, кој на пистата заедно со кинеската амбасадорка во Србија Чен Бо лично ги пречека кинеските експерти и пратката медицинска помош.
„Од вечерва, ќе слушаме сè што ќе ни кажат и тоа не е политика, туку почит кон оние што покажаа дека знаат да го поразат денешниот најтежок непријател – коронавирусот“, рече српскиот шеф на државата.
Кинеските медицински експерти излегоа од авионот со маски на лицето, кинеската амбасадорка се обрати исто така со маска на лицето, а Вучиќ стоеше пред микрофонот и камерите – без маска.