Притвор за стружанец кој со нож ограбил жена во Лисиче

Притвор за стружанец кој со нож ограбил жена во Лисиче

Црна хроника

Притвор за стружанец кој со нож ограбил жена во Лисиче

Објавено пред 2 часа – 16 март, 2020

ОдМакфакс

Осовното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка за 29-годишен жител на Струга поради основано сомнение дека извршил кривично дело разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, со црна капа, која му го покривала ликот, на 16.11.2019 година, околу 11.40 часот, со намера да украде пари, влегол преку влезната врата во собата за дневен престој во семејна куќа во скопско Лисиче. Тој со себе носел нож, па кога ја здогледал оштетената, го вперил ножот кон неа барајќи да му ги даде сите парични средства. Оштетената успеала да му ја отргне капата и го видела ликот на осомничениот по што тој непосредно се заканил дека ќе нападне врз нејзиниот живот и со присилба успеал да одземе 600,00 денари од паричникот на оштетената. По извршеното дело, осомничениот се дал во бегство.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за осомничениот бидејќи постојат околност што укажуваат на опасност од бегство, постои страв дека ќе ги скрие трагите од стореното кривично дело, дека ќе влијае на сведоците, како и особена опасност дека осомничениот ќе го повтори делото. Судот го прифати предлогот и со решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds