Приведен на „Ќафасан“ – го бараат грчките власти

Приведен на „Ќафасан“ – го бараат грчките власти

34-годишен државјанин на Албанија е уапсен на ГП „Ќафасан“ по барање на грчките власти.

-Синоќа во 01.30 часот при влез во Република Северна Македонија, на Граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода Ц.Л.(34) од Пешкопеја, Република Албанија, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека се наоѓа на стоп – листа со мерка „апси“, по барање од Интерпол – Атина, Република Грција, велат од полицијата.

Тој бил приведен и во 05.30 часот бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.    

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds