
Приведен поради напад на семејството и полициски службеници
На 08.12.2019 околу 14.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид во селото Косел, лишија од слобода 57-годишно лице, поради физички напад врз полициски службеници кои вршеле службени дејствија во неговиот дом, а по претходна пријава од неговиот син дека, тој ги малтретирал членовите на семејството.
По целосно документирање на настанот против приведениот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор:OhridNews