Приведен вевчанецот кој се закани дека ќе ги убие Заев и Пендаровски

 Приведен вевчанецот кој се закани дека ќе ги убие Заев и Пендаровски

Полицијата го приведе вевчанецот кој на социјалните мрежи постави видео во кое се заканува дека ќе ги убие премиерот Зоран Заев како и претседателот Стево Пендаровски.

Од полицијата информираат дека тој на својот „Фејсбук“ профил, како и на повеќе електронски портали, објавил видео клип со заканувачка содржина, промовирал и поттикнувал омраза, дискриминација и насилство кон други лица.

>
>