Приведени две лица кај кои е пронајдена марихуана

Приведени две лица кај кои е пронајдена марихуана

На булеварот „Железничка“ во Охрид, вчера, при извршена контрола на патнички автомобил марка „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управуван од 69-годишно лице од Битола, пронајдени се и одземени се две најлонски кеси со опојна дрога марихуана од возачот.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира дека во автомобилот, дополнително пронајдена и одземена е една најлонска кеса со опојна дрога хероин. Возачот на автомобилот, заедно со сопатникот се приведени и против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор:OhridNews

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds