
Приведени две лица од Пештани поради незаконит риболов
На брегот од Охридското езеро, кај населбата „Лагадин“, вчера, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода две лица од Пештани, поради незаконит риболов.
Притоа, кај нив биле пронајдени и одземени: уловена риба-охридска белвица, четири рибарски мрежи во различна големина, како и друга риболовна опрема. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор:OhridNews