Проблеми за Интер: По Д’Амброзио, позитивен е и Хандановиќ

 Проблеми за Интер: По Д’Амброзио, позитивен е и Хандановиќ

На повидок е кластер во таборот на лидерот на Серија А каде веќе двајца играчи се позитивни на коронавирусот.

Откако вчера Интер потврди дека латералниот дефанзивец Данило Д’Амброзио е позитивен на коронавирусот, денеска објави дека има и втор случај, а се работи за незаменливиот помеѓу стативите, голманот Самир Хандановиќ. Тој е веднаш ставен во самоизолација во својот дом, соопшти клубот.

Д’Амброзио се пожали на симптоми уште во неделата кога како превентива беше отстранет од тимот за гостувањето кај Торино, а потоа и сам се врати во Милано по што се самоизолира.

Миланскиот клуб сабајлево го тестираше целиот тим и доби нов позитивен во името на словенечкиот голман кој сезонава е единствен кај „Нераѕурите“ кој ги има одиграно буквално сите натпревари.

Миланскиот клуб сабајлево го тестираше целиот тим и доби нов позитивен во името на словенечкиот голман кој сезонава е единствен кај „Нераѕурите“ кој ги има одиграно буквално сите натпревари.

Интер на клупата има тројца резервни голмани и тоа ветеранот Даниеле Падели, Јонуц Раду и Филип Станковиќ, синот на поранешниот фудбалер Дејан Станковиќ.

>
>