Проблеми за Кил, се повреди и Вајнхолд

Проблеми за Кил, се повреди и Вајнхолд

Штефан Вајнхолд, кој настапува на позицијата десен бек во германски Кил, ќе отсуствува одреден временски поради повреда.

Искусниот ракометар во натпреварот против Гумерзбах ги скинал предните вкрстени лигаменти на левото колено, а според проценката на лекарите Вајнхолд ќе паузира околу три месеци и неговиот камбек на терените се очекува да биде во месец март следната година.

Кил на десната бековска позиција ги има на располагање Харалд Рајнкинд и Хенри Пабст. Тимот на Јиха, исто така остана без услугите на Магнус Ландин, Ериг Свен и Ерик Јохансон, кои исто така отсуствуваат поради повреда. На терените пред неколку дена се врати Сандер Сагосен, кој се уште не е целосно опоравен, а на почетокот на оваа сезона повредени беа Хенрик Пекелер и Руне Дамке.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy