Продолжува акцијата за чистење на устието и коритото на Црн Дрим во Струга

Продолжува акцијата за чистење на устието и коритото на Црн Дрим во Струга

Продолжува акцијата за чистење на наталожениот материјал на испустот на реката Црн Дрим, како и речното корито во Струга.

Станува збор за активност која е дел од проектот „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“, финансиран од Европската унија, кој го спроведува УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, а која започна во понеделникот, на 31-ви август. Истата е неопходна за справувањето со загадувањето на Охридското Езеро што во последните неколку децении го предизвикува реката Сатеска со носење на наноси кои се штетни за езерото.

Ќе се чисти устието и коритото на Црн Дрим во Струга

Со чистењето ќе се подобри пропусната моќ на коритото, ќе се зголеми капацитетот на собирањето на атмосферските води и со тоа ќе се намалат и ризиците од поплави. Истовремено, со чистењето на делот кај пристаништето и трските, конечно, по долги години, во Струга ќе може да собраќаат и поголеми пловила и да се одвива бродски сообраќај со соседните градови и туристички населби.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds