Продолжува драмата во Чачак – ноќеска уште една силна експлозија

 Продолжува драмата во Чачак – ноќеска уште една силна експлозија

Работниците на компанијата „Слобода“, кои беа повикани утрово да дојдат на своите работни места, полицијата повторно ги спречи да влезат во фабриката.

Нова експлозија и пожар избувна синоќа во фабриката „Слобода“ во Чачак.

Според локалното население, синоќа на оваа локација се случила уште една силна експлозија.

„Синоќа се слушна уште една детонација, откако се виде чад од правец на Слобода, претпоставуваме дека повторно има пожар“, велат мештаните кои живеат во близина на воената фабрика.

Работниците утрово чекаат да влезат на своите работни места.

„Бевме известени да дојдеме на работа. Повеќе не знаеме ништо, сега чекаме да ни кажат што да правиме. Слушнавме дека имало уште една експлозија и пожар минатата ноќ“, рече еден од работниците.

Претходните денови пожарот во Слобода беше изгаснат со хеликоптери на Армијата на Србија, кои испорачале преку 100.000 литри вода.

Претходно, неколку експлозии се случија во магацинот на околу 800 метри од производствените капацитети.

Во гаснењето на пожарот учествувале 45 пожарникари, а сите 60 работници кои биле на ноќна смена биле успешно евакуирани и немало човечки жртви.

Сè уште не е познато точно која е причината за оваа несреќа, а формирана е комисија која ќе ја утврди.

>
>