Проект вреден 11 милијарди долари: Руски брод започна да ги поставува цевките за „Северен тек 2“

 Проект вреден 11 милијарди долари: Руски брод започна да ги поставува цевките за „Северен тек 2“

Рускиот брод „Фортуна“ започна да ги поставува цевките за гасоводот „Северен тек 2“ во германските води, соопштија изведувачите на големиот проект.

„Северен тек 2“, гасовод кој поминува низ средината на Балтичкото море, од Русија кон Германија и притоа заобиколувајќи ја Украина, беше на мета на критики на САД.

Поради тоа, бродот „Фортуна“ и останатите бродови кои учествуваат во изградбата на проектот се додадени на листата со санкции на САД.

„Фортуна“ започна со работа во Германија од 22-ри мај и ќе остане во германските води до 30-ти мај, откако претходно успешно ги постави цевките во данските територијални води.

Од Кремљ соопштија дека проектот тежок 11 милијарди долари кој го спроведува „Газпром“ е комерцијален проект.

>
>