Пролетта пристигна на Далечниот исток на Русија: Секоја година сите брзаат да ја снимат оваа глетка на реката Амур

 Пролетта пристигна на Далечниот исток на Русија: Секоја година сите брзаат да ја снимат оваа глетка на реката Амур

Пролетта пристина на Далечниот исток на Русија,, во Хабаровск. Секоја година, мештаните се собираат на брегот на реката Амур за да го гледаат топењето на мразот.

Иако изгледа импресивно, може да биде и опасно, што се гледа и на снимките бидејќи големи парчиња мраз ја пробиле заштитната ограда.

Сепак, тоа не спречило неколку луѓе да продолжат со снимање и сликање.

Како што пренесуваат локалните медуми, топењето на мразот во Хабаровск почнало оваа година порано поради зголемениот водостој на Амур.

Новото на водата е за 1-2,5 метри повисок од просечните вредности за овој период од годината.

Премините преку реката се затворени бидејќи повеќе нема да има дебел слој на мраз. Ледената покривка на Амур, но и многу други реки во регионот, е со дебелина од околу 80-120 центиметри.

Во ова подрачје околу 1-ви мај обично има сообраќај со мали пловила, но поради климатските промени и топењето на мразот, почетокот на сезоната понекогаш се поместува за крајот на април.

>
>