Пронајдена марихуана во патнички автомобил на регионалниот пат Струга – Дебар

 Пронајдена марихуана во патнички автомобил на регионалниот пат Струга – Дебар

Струшката полиција доцна синоќа пронашла марихуана во автомобил со дебарски регистерски ознаки на регионалниот пат Струга – Дебар.

СВР Охрид информира дека во 23 часот и 45 минути кај месноста „Суво поле”, полициски службеници од полициското одделение Велешта, извршиле контрола на патнички автомобил „Поло” со дебарски регистарски ознаки, управуван од В.К.(20) од Дебар.

– При извршен преглед, кај сопатникот во возилото А.Л. (23) од Дебар, пронајдена е опојна дрога Марихуана. Двајцата се приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид.