
Пронајдено мртво тело без глава – Ужасна слика во Србија
Мртво тело на маж кое било без глава е пронајдено во Србија во близина на Лесковац, а ја потресе српската јавност и цел регион.
Се работи за 41-годишен архитект од Белград кој бил пронајден обезглавен, со главата покрај телото во распаѓање, а според неофицијални податоци, најверојатно се обесил во август по кавга со својата сопруга, но мештаните не веруваат во тоа. Телото било во непристапен терен и скапувало со месеци.
Тој исчезнал на 18. август годинава кога се враќал со сопругата од Грција, по кавга со неа. Тој побарал од неа сама да продолжи со возилото, а тој да размисли малку сам за се.
По два месеци мештанин го пронашол на врвот на брдо, без глава.
– Отидов на брдото да ја проверам водоводната цевка, а наидов на хорор призор. Видов распаднат леш, главата беше одвоена од телото. Се чувствуваше силна миризба. веднаш викнав полиција, вели мештанинот кој го нашол телото на архитектот, пренесува Курир.рс.
Неговите пријатели и соседи не веруваат дека се самоубил, велат за тоа ќе избеел полесен начин.
Бараат детална истрага на случајот.
Полицијата не го соопштува името на архитектот.