Пронашле злато во време на криза: Турција пронашла резерви вредни шест милијарди долари, ископувањето ќе почне за две години

 Пронашле злато во време на криза: Турција пронашла резерви вредни шест милијарди долари, ископувањето ќе почне за две години

Рударењето на злато во оваа земја започнало во 2001-ва година, при што првата година биле ископани 1,4 тони.

Турција открила голема наоѓалиште на злато чии резерви се проценуваат на 99 тони, што е противвредност од околу шест милијарди долари. 

Според првите проценки, вадењето на златото би можело да започне за две години.

Наоѓалиштето на овој племенит метал се наоѓа на земјиште со кое управува компанијата “Губреташ”, која инаку се занимава со производство на ѓубриво, пренесува порталот “Indikator”.

Акциите на оваа компанија по веста за откривање на наоѓалиште на злато, на Истанбулската берза скокнале за дури 10 проценти.

Турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Фатих Донмез, во септември изјавил дека оваа година таа земја произвела 38 тони злато, со што го надминала минатогодишниот рекорд.

Турција инаку си поставила цел за десет години да го зголеми вадењето на злато на 100 тони годишно: Рударењето на злато во таа земја почнало во 2001-ва година, при што првата година биле ископани 1,4 тони.

Се очекува вкупното купување на злато на турската централна банка во оваа година да изнесува 170 тони, наведува “Indikator”, повикувајќи се на агенцијата “AFP”.

>
>