Прв случај на коронавирус во Турција – идентитетот на пациентот тајна

Прв случај на коронавирус во Турција – идентитетот на пациентот тајна

Тестовите на мажот излегоа позитивни, а тој е изолиран, рече турскиот министер за здравство.

Потврден е првиот случај на коронавирус во Турција, а во прашање е маж што се вратил од Европа, објави денеска министерот за здравство Фахретин Коца.

„Машки граѓанин синоќа е тестиран позитивно за коронавирус“, соопшти Коца на прес-конференција во Анкара.

„Заразениот поединец го добил вирусот откако се вратил од Европа. Тој е комплетно изолиран.“

Тој не сакаше да даде повеќе детали за пациентот ниту да открие од која земја потекнува, за да ја заштити неговата приватност, пренесува АП.

Коца рече дека пациентот е во добра состојба и дека членовите на неговото семејство и другите луѓе со кои бил во контакт се ставени во карантин.

„Ако има инфекција во државата, таа е многу ограничена. Коронавирусот не е посилен од мерките што ги презедовме. Еден пациент во карантин не е закана за општеството“, рече Коца и ги повика турските граѓани да не патуваат во странство освен ако не е неопходно.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds