Прв случај на заболен од коронавирус во Македонија

 Прв случај на заболен од коронавирус во Македонија

Blood sample with respiratory coronavirus positive

Македонска државјанка која неодамна се вратила од Италија е позитивна на корона вирусот. Таа утринава поради симптоми на грип побара помош на Инфективната клиника каде е тестирана од вирусот Ковид-19.

Епидемиолозите веќе прават епидемиолошка анкета и прибирање на информации за сите лица со кои била во контакт деновиве.

Здравствените власти после овој прв регистриран случај на корона во земјата го зголемуваат степенот на готовност со дополнителни мерки на аеродромите, граничните премини и здравствените институции.