
Прв смртен случај во светот поради реинфекција на коронавирус
Холандските лекари денеска соопштиле дека дошло до првиот смртен случај после реинфекција на коронавирус во таа земја, а ова е прв таков случај и во светот.
Се работи за 89-годишна жена, која повторно заболела од Ковид-19, иако го прележала пред само два месеци, пренесува „BBC“.
Имунолошкиот систем на починатата жена бил нападнат од редок вид на канцер.

Таа била примена во болница пред два месеци со грозница и силна кашлица, но закрепнала и била пуштена дома.
После 59 дена повторно почнала да оди на хемотерапија, но по вторпат се заразила со коронавирус. Кога била тестирана на антитела, утврдено било дека ги нема и починала две недели подоцна.