Прва фотографија од Навални по штрајкот со глад-ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА

 Прва фотографија од Навални по штрајкот со глад-ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА

Критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, денеска се приклучи на сослушувањето преку видео врска, што воедно е и негово прво појавување во јавноста по штрајкот со глад.

Навални отслужува затворска казна од две и пол години од февруари за кршење на условната казна, а на 31 март штрајкуваше со глад во затвор, барајќи подобри здравствени услови. Штрајкот заврши на крајот на минатата недела, кога на лекарите им беше дозволено да го посетат.

Денес, Навални разговараше со неговата сопруга Јулија, која беше во судницата и и рече што јадел последно и колку е тежок сега.

Тој исто така рече дека го однеле во бањата за да „изгледа пристојно“ за испрашување.

– Се погледнав себеси, јас сум одвратен скелет. Последен пат кога имав 72 килограми, бев во седмо одделение – рече Навални.

Тој рече дека јадел четири лажици овесна каша вчера, пет денес, и дека планира да јаде шест утре.

>
>