• 19/09/2020

Прва МФЛ: Струга Трим Лум го надигра и победи Силекс (видео)

 Прва МФЛ: Струга Трим Лум го надигра и победи Силекс (видео)
loading...
Advertisement

Фудбалерите на Струга Трим Лум ја забележаа втората победа во македонската фудбалска елита, откако на домашен терен со 2-0 (0-0) го совладаа составот на Силекс од Кратово.

Стружани до триумфот стигнаа со погодоците на Нијас Лена и Филип Миленковски, кои во играа влегоа во финалните 20 минути од натпреварот. Лена погоди во 77-та минута, а Миленковски ја запечати победата во 90-та минута.

Нова победа во Првата лига славеше и Шкендија. Тетовските „црвено црни“ со 3-0 ја преслушаа Беласица. Петтата рунда во најквалитетниот македонски шампионат ќе се комплетира со мечевите Борец – Академија Пандев, Пелистер – Македонија ЃП, Ренова – Работнички односно Вардар – Шкупи.