• 24/09/2020

Прва МФЛ: Струга Трим Лум го предизвикува шампионот

 Прва МФЛ: Струга Трим Лум го предизвикува шампионот

????????????????????????????????????

loading...
Advertisement

Утре (среда) со почеток во 13 часот на Градскиот стадион во Струга, тимот на Струга Трим Лум во вондредната 16-та рунда од Првата лига силите ќе ги одмери силите со актуелниот шампион и бранител на титулата Шкендија.

„Црвено белите“, се во серија од две победи на домашен терен, а на спротивната страна Шкендија има три победи во низа и полека заличува на екипата од ланската сезона.

Домашниот терен е главен адут на стружани. Сезонава единствено само Македонија Ѓорче Петров успеа да победи во Струга, а во претходната рунда „црвено белите“ скалпот му го зедоа на Вардар.

Дербито во Струга ќе го суди Дејан Јакимоски.

Двојки:

Работнички – Борец

Ренова – Македонија ЃП

Шкупи – Академија Пандев

Силекс – Вардар

Струга ТЛ – Шкендија

Табела: Вардар 31, Академија Пандев 27, Шкендија 24, Силекс 22, Македонија ЃП 21, Шкупи 19, Струга Трим Лум 19, Борец 16, Ренова 15, Работнички 11

извор:OhridNews