Прва победа за РК СТРУГА: Работнички падна со пресврт во вториот дел!

Прва победа за РК СТРУГА: Работнички падна со пресврт во вториот дел!

Екипата на Струга е го голема криза оваа сезона. Уште на стартот остана без тренерот Темелковски и речиси целиот прв состав, а резултат на тоа се осумте порази и само едно реми во Суперлигата. 

Но, вечерва стружани имаат причина за славје, затоа што ракометарите ја запишаа првата овосезонска победа. Во градот покрај езерото падна новајлијата во лигата, Работнички, кој по супер-возбудлив натпревар загуби со минимални 32-31.

Во текот на целиот натпревар се играше израмнет ракомет, двете екипи имаа по свои моменти и го имаа водството, но на крај се радуваа домаќините кои беа поприсебни во финишот. 

По десет одиграни кола во Суперлигата, Струга останува на последното место со четири бода иско колку што имаат и екипите на Металург 2 и Работнички. 

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds