Првата нација без цигари! Ако го усвојат радикалниот предлог, целосно ќе биде забрането пушењето цигари

 Првата нација без цигари! Ако го усвојат радикалниот предлог, целосно ќе биде забрането пушењето цигари

Нов Зеланд разгледува низа предлози насочени кон укинувањето на пушењето во земјата, вклучувајќи ја и радикалната иницијатива која би забранила продажба на цигари на цела генерација.

Според националниот Акциски план за пушење, новозеландските власти се надеваат дека ќе успеат постепено да ја зголемат законската возраст за пушење и на крајот целосно ќе ја забранат продажбата на цигари за сите лица родени после 2004-та година.

Иницијативата исто така повикува на намалување на дозволеното ниво на никотин во тутунот и поставува ограничувања каде цигарите ќе може да се продаваат. Владата исто така ќе ја одреди и минималната цена за ваквите производи.

Планот на властите на Нов Зеланд е до 2025-та година целосно да биде забрането пушењето цигари во земјата. Од Министерството за здравство објаснија дека стапката на пушачи во земјата опаднала во изминатата деценија, но ќе мора „уште многу да се направи“.

Властите ги повикаа граѓаните да дадат „повратни информации“ за акцискиот план кој официјално беше објавен вчера. Жителите ќе имаат време до 31-ви мај да ги поделат своите размислувања за тоа пред да започне новата фаза, односно планот да премине во закон.

Заменик министерката за здравство на Нов Зеланд, Ајша Верал изјави дека во земјата околу 4,500 граѓани секоја година умираат од болести поврзани со цигарите и владата е посветена на „забрзан напредок“ во борбата против пушењето цигари.

>
>