Првата национална анти-бродска ракета на Турција „Атмаџа“ успешно ја погоди својата цел

 Првата национална анти-бродска ракета на Турција „Атмаџа“ успешно ја погоди својата цел

Вчера во градот Синоп на брегот на Црното Море беше успешно реализиран последниот тест-истрел на анти-бродската ракета од долг дострел „Атмаџа“ развиена од страна на „Рокетсан“

Претседателот за одбранбена индустрија при претседателството (ССБ или SSB) Исмаил Демир во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер им честита на оние кои имаат заслуга и вложен труд во развивањето на националната анти-бродска ракета од долг дострел „Атмаџа“ чие тестирање вчера беше успешно реализирано.

Исмаил Демир во својата објава во врска со тестирањето во Синоп на анти-бродската ракета од долг дострел Атмаџа“ развиена од страна на компанијата „Рокетсан“ ја етикетира „Ракетсан“.

Демир го напиша следното: „Нашата прва национална анти-бродска ракета Атмаџа со реализираниот истрел од нашиот национален брод ТЏГ Киналиада (TCG Kınalıada), успешно ја погоди својата цел. Им честитам на сите кои имаат заслуга и вложен труд. Нека им е аирлија (честито) на нашата јуначка армија!“

Инаку, вчера во градот Синоп на брегот на Црното Море беше успешно реализиран последниот тест-истрел на анти-бродската ракета од долг дострел „Атмаџа“ развиена од страна на „Рокетсан“.

Тест-истрелите беа следени и од страна на командантот на Поморските сили адмирал Аднан Озбал и валијата на Синоп Ерол Караомероглу.

По реализираните тест-истрели, адмирал Аднан Озбал го рече следното: „Нашиот национален производ Атмаџа ќе им влева доверба на пријателите, страв на непријателите.“