
Првиот турски автомобил ТОГГ тестиран на патеката „Истанбул Парк“
– Забрзувањето на автомобилот од 0 до 100 км/час изнесува 4.8 секунди. Оваа е време постигнато со четири патници во возилото, вклучувајќи го и возачот.
ИСТАНБУЛ
Во видеото споделено на социјалните мрежи од профилите на ТОГГ, може да се видат нови детали во врска со процесот на производството и склопувањето на турскиот автомобил, како и тестирањето на возилото на патеката „Истанбул Парк“, известува Агенција Анадолија (АА).
„Нашите функционални прототипови ги испративме до акредитирани центри за тестирање на безбедносните, термичките и динамички перформанси“, се наведува во текстот споделен заедно со видеото.
На видеото кое привлече големо внимание за кратко време по објавата на социјалните мрежи, се гледа како инженерите на ТОГГ го подготваат возилото за возење почнувајќи од нула и тестирањето на возилото на патеката „Истанбул Парк“.
Исто така се наведува дека забрзување на автомобилот од 0 до 100 км/час изнесува 4.8 секунди. Оваа е време постигнато со четири патници во возилото, вклучувајќи го и возачот.
Од друга страна, се нагласува дека прототипите на возилото произведени во работилниците на ТОГГ се испратени на тестирање во акредитирани тест центри.