Првото новороденче во Новата година во Струга е машко од Лабуништа

 Првото новороденче во Новата година во Струга е машко од Лабуништа

Првото бебе родено во Општата болница во Струга е машко.

Бебето, како што информира доктор Крсте Стојаноски, началник на Гинеколошкото одделение е родено синоќа во 20 часот и 45 минути. – Бебето е родено 3.070 грама, со мајката Бејаза Салкоска од Лабуништа се во добра здравствена состојба, изјави Стојаноски.

Во новата година, додаде, се родија уште две девојчиња.

– Во новата година, досега во Струшката болница се родија уште две девојчиња. Бебињата и мајките, од Струга и Вевчани се во добра здравствена состојба, изјави Стојаноски.

На првите три новороденчиња во Новата година Општина Струга, со одлука на Советот ќе им додели износ од по 15.000 денари.

x